Група провалници успеале да го украдат сефот од канцелариите на фирма, лоцирана во тетовскиот Рамстор, по што го отвориле во една нива и одзеле 9300 евра, соопшти тетовската полиција.
Провалата се случила завчера меѓу 1 и 10 часот. Од канцелариите на фирмата „Палма-трејд“, сопственост на Н.Џ(58), лоцирана во комплексот „Рамстор“ на влезот во Тетово успеале да однесат метален сеф, во кој имало 565.800 денари и документи. Металниот сеф, истиот ден бил пронајден во една нива. Арамиите таму го отвориле и ги одзеле само парите. Сефот бил вештачен, а полицијата засега не открива други детали од истрагата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Саша Поповиќ го ограбил пријател од естрадата: Точно го знаел секој милиметар во куќата
-
Прилепчанец оштетен за 70 000 евра: Од подрумот му украле евра, долари, франци и злато
-
Граѓани се жалат дека некој им ги испразнил сефовите во „Шпаркасе банка“
-
Скопјанец се бори за живот откако растроен маж со шрафцигер лудувал околу „Рамстор“