| четврток, 6 декември 2018 |

Прилепчанец оштетен за 70 000 евра: Од подрумот му украле евра, долари, франци и злато

Непознат сторител извршил тешка кражба во куќа во Прилеп при што одзел евра, австралиски и  американски долари, швајцарски франци и фунти, во вредност од 2.160.000 денари, како и разновиден златен накит во вредност од околу 2.200.000 денари, вкупна вредност од околу 70 000 евра.

Сторителот, синоќа во период од 19 до 22:30 часот со употреба на погоден алат влегол во куќата сопственост на М.Г. (47) во подрумот пронашол и отворил метален сеф од каде ги одзел парите и заминал во непознат правец.

Извршен е увид на место на настанот, се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top