Македонскиот краток филм “Еклер”, по сценарио и режија на Марко Ѓоковиќ ја доби наградата за најдобар филм во категоријата на среднометражни филмови на годинешното десетто издание на Меѓународниот филмски фестивал во Приштина (ПриФест).
Досега, „Еклер” ја освои Гран при наградата за најдобар среднометражен филм и на 23. издание на Меѓународниот филмскиот фестивал во Ненси.
„Еклер“ е приказна за синот на готвачката во Маршаловата вила, кој по десет години конечно добива шанса да ја вкуси забранетата храна. Во филмот играат: Давид Тодосевски, Дина Јовевска, Звезда Ангеловска, Игор Ангелов, Борис Дамовски, Горан Трифуновски, Сара Климоска и Емил Костовски.
Инаку, ПриФест е меѓународен фестивал со четири натпреварувачки категории, Европски филм, Балкански филм, Среднометражен филм и категорија на Документарен филм. Актерката Венеса Редгрејв беше специјален гостин на овогодинешното десетто издание на фестивалот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)