| четврток, 6 декември 2018 |

Дачиќ: Мали инциденти прават тешки последици

dacicМалите инциденти може да доведат до тешки последици, оцени српскиот премиер Ивица Дачиќ по вчерашниот инцидент на српско-косовската граница. Тој додава дека е потребно да се направи сѐ за тие да се избегнат“.
– Очигледно, дојде до кршење на постојниот договор и во копнената зона на безбедност влегоа вооружени луѓе за да крадат дрва, што не е ново. Тоа постојано се случува на подрачјето на Куршумлија и често доведува до инциденти – истакна синоќа Дачиќ во Брисел по 13 рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
Според Дачиќ, приштинската страна не била заинтересирана за продлабочување на разговорот за тој случај.
– Важно е да имаме чиста ситуација и процесот да продолжи натаму – посочи Дачиќ.
Вчера шестмина беа ранети во престрелка меѓу српската полиција и група Албанци во пограничниот реон меѓу Србија и Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top