| четврток, 6 декември 2018 |

Убиен бугарскиот митрополит Кирил

Бугарскиот варненско –великопреславскиот митрополит Кирил е пронајден удавен на плажа кај месноста Тракија во Варна, јавуваат бугарските медиуми.

Идентитетот на Митрополитот Кирил го потврди еден од докторите од судска медицина, а сега се врши обдукција во мртовечницата на болницата „Света Марина”.  Обвинителството се сомнева дека неговата смрт е предизвикана насилно.

 

Варненскиот и Великопреславски митрополит Кирил, Богомил Петров Ковачев, е роден 1954 година во село Царев Брод, Шуменско.

 

За Варненскиот и Преславски митрополит е избран на 26 февруари 1989 година. Од 1992 година е член на  Светиот Синод, а во периодот 1994-2001 година е претставник на Врховниот црковен одбор.

 

По смртта на Патријархот Максим, на 10 ноември 2012 со тајно гласање, седум од 12 присутни митрополити го избраа за намесник-претседател на Бугарската православна црква до изборот на Патријархот Неофит.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top