| четврток, 6 декември 2018 |

Деспотовски лаже дека Кочо Анѓушев не му е шеф

Партискиот директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски од ден во ден се повеќе се заплеткува во лагите кои ги дава во јавноста и во медиумите. Откако беше фатен како додели народни пари на донатори и на фирми блиски до СДСМ сега се впушти во еден неспасен обид да се испери од срамот кој и го нанасе на институцијата која ја води. Во изјава за еден медиум Деспотовски ќе каже дека вицепремиерот Кочо Анѓушев не му е шеф и дека тој само се појавувал на прес конференциите на Фондот и дека нема никаква поврзаност со одлучувањето за тоа кои компании ќе добијат пари од Фодот. Но Деспотовски или не е запознаен со хиерархијата или наеднаш има добиено амнезија.

Владата на Република Македонија во која член е Кочо Анѓушев, директно го именува директорот на Фондот за новации во случајот Деспотовски. Освен тоа владата ги именува членовите на управниот одбор кој се состои од 7 члена но и директно го именува и комитетот за одобрување на инвесициите. 

Да биде иронијата поголема еден од членовите кои вршат одборување на тоа кои компании треба да добијат помош е шефицата на кабинетот на Анѓушев, Софија Јовановска.  При ваква поставеност надвор од умот е да се тврди дека Владата нема никаква поврзаност со одлуките кои ги донесува фондот.

Вакво шокантно доделување на пари на компании кои се на членови на Владата и донатори на СДСМ директно се коси со принципите на Светската банка во однос на измамата и корупцијата. Во член 11 од правилата на Светската банка ( инаку овој проект е во директна соработка со Светската банка ) се вели дека банката има право да “санкционира“ политки или процедури на индивидуалци или ентитети како и претставници на владата и на агенциите под нивна надлежност. Во објаснувањето подоле со фуснота се вели дека претставниците на владата кои поседуваат копании не треба да добиваат пари кои се финансираат од Банката во согласност со Регулативите на Светската Банка.

Овој член на Светската Банка изгледа му е нејасен на Кочо Анѓушев и на Јован Деспотовски. Во правилникот за управување на инстурментите за поддршка на фондот за иновации и технолошки развој таму каде што Деспотовски е директор експлицитно е наведено дека апликантите ќе работат во согласност со Законот за спречување на корупцијата и другите важечки законски прописи во Република Македонија како и Антикорупциските насоки за Светската Банка и кредити и грантови од Меѓународното здружение за развој.

Во случајов Деспотовски, Анѓушев и другите партиски функционери не само што ги прекршиле домашните закони кога се работи за борбата против корупцијата туку и ги прекршиле антикорупциските насоки на Светската Банка. Штетата која ја направи Деспотовски е веќе направена. Наместо тој да се обидува неколку дена да се “испере“ од она што го одобрил треба од чисто морални причини да си поднесе оставка. Дополнително дека нешто не е во ред при доделувањето на државна помош на компаниите на функционерите на СДСМ е моментално отворената постапка на Јавното обвнителство за незаконско постапување при доделување на истата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top