| четврток, 6 декември 2018 |

Со каков имот располага директорот на Фондот за иновации: Две куќи, три стана, акции, деловен простор…

Јован Деспотовски е актуелен директор на Фондот за иновации и технолошки развој, институцијата која изминативе денови беше во центар на вниманието на јавноста околу распределбата на грантовите.

Деспотовски е дипломиран економист, долгогодишен член на раководството на СДСМ и еден од најблиските соработници на Радмила Шеќеринска со која работеше во Секретаријатот за европски прашања.

Со каков имот располага Деспотовски и што содржи неговиот анкетниот лист?

Две куќи, три стана, акции се само дел од анкетниот лист објавен на страната на Државната комисија за спречување корупција.

Една куќа во Скопје, и една во Крушево лично поседува директорот на Фондот, додека трите стана, секој посебно во вредност од над милион денари се во главниот град.

Деспотовски вози Голф 5 вреден 300 илјади денари.

Според анкетниот лист, Деспотовски на негово лично име поседува акции во вкупна вредност од 375 000 денари, деловен простор во Скопје во вредност од 450 000 денари и згради во останато стопанство во вредност од 700 000 денари.

На имот на брачен другар, директорот на фондот има пријавено двор, згради во останато стопанство, земјоделско земјиште, девизен и денарски депозит во банка и лизинг.

На име на децата Деспотовски пријавил денарски и девизни депозити, а на негово лично име има и заеми, кредит и лизинг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top