Откако центарот Двајт Хауард го напушти Лејкерс за да замине во Хјустон Рокетс, „езерџиите“ бараа достоен центар кој ќе го замени Хауард и го земаа Крис Кејман. Овој 31-годишен кошаркар во НБА-лигата игра веќе 10 години, а по втор пат ќе настапува во „Градот на ангелите“. Претходно во 2003 година како шести пик беше избран од страна на ЛА Клиперс и таму се задржа осум години.
Неговиот досегашен просек е 11,8 коша и 8 скока по натпревар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.