Премиерот Зоран Заев по попладневната сесија на лидерската средба изјави дека не е постигнат договор за референдумот за името со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој, меѓудругото, рече дека ДИК сепак ќе има и дека референдумот ќе биде спроведен.
-И покрај тоа што попладнево не беше постигнат договор за референдумот останува договореното од претпладневниот дел на разговорите: за законот за финансирање на политички партии, за техничка влада според Пржински концепт и за ДИК, рече Заев.
По прекинот на лидерската средба премиерот кажа и дека Мицкоски не сакал да ги повика гласачите на ВМРО-ДПМНЕ да гласаат на референдум по сопствено убедување и дека лидерот на опозицијата исто така не успеал да го препознае моментот и, како што рече, лаже дека сака Македонија да стане членка во ЕУ и НАТО.
Претходно лидерот на ДУИ Али Ахмети кажа дека лидерите не успеале дa се договорат околу референдумското прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


