Снежана Рудинац (24) на која со автомобилот налетала ќерката на црногорскиот богаташ на неосветлен премин во Бечиќи пред неколку дена усмртувајќи го притоа нејзиниот свршеник Милош Вукомановиќ(25), се уште е во тешка состојба и престојува на Војно-медицинаската академија. Поради сериозноста на нејзината состојба, не и е кажано дека го изгубила идниот сопруг.
Како што неофицијално се дознава, Снежана на одделението ја посетиле родителите, но лекарите се уште не можа да дадат прогноза за нејзиното заздравување. Таа се здобила со повреди на главата, потколениците и градниот кош, но и покрај тешките телесни повреди не е во кома. Имено кога се буди, станува вознемирена поради што лекарите и даваат лекови за смирување со кои ја успиваат. Таа се уште не знае дека останала без Милош.
Инаку за српски Блиц таткото на Милош раскажал дека неколку часа пред погребот на Милош, му се јавил таткото на Емина Адровиќ, девојката која го усмрти нивниот син.
-Не стигнаа на погребот, бидејќи имало застој поради некоја сообраќајна несреќа. После погребот, дојде татко и на Емина во придружба на 40 лица. Изгледаше како на бојно поле. Понуди да ги плати трошоците на погребот, што ние го одбивме – рекол таткото на Милош.
Откако семејството Вукомановиќ ги одбила Црногорците, тие побарале да одат на гробот на Милош.
-Им дозволивме. Но тие на измама се обиделе да остават пари на гробот на Милош. Соседот тоа го видел и рекол дека тоа не е според нашите обичаи – рекол со длабоко повреден глас Драгутин, таткот на Милош.
Таткото на Емина, додал Драгутин, цело време за својата ќерка зборувал најдобро.
-Му реков, секоја чест, но тоа што го направи ќерка му е убиство! Возела со 80 километри побрзо од дозволената брзина и го уби мојот син на пешачки премин. Исто така му реков дека сум слушнал дека тоа не и е прв инцидент, но дека порано тоа било заташкувано. За тоа што го направи, ќе реши судот, а таа ако има совест, нека живее со тоа – рекол неутешниот Драгутин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун