Вистинска заложничка драма се случувала во продавница во Лос Анџелес, откако ооружен напаѓач упаднал и околу три часа како заложници држел 50-тина луѓе пред да ѝ се предаде на полицијата. Во нападот, кој се случил вчера околу 18 и 30 часот по локално време, е убиена една жена.
Инцидентот се случил во продавница на „Трејдер Џос“. Полицијата навела дека два часа пред инцидентот, човекот со седум куршуми ја усмртил баба му, а повредил и една жена која насилно ја внел во неговиот автомобил. Во потерата по него, полицијата и напаѓачот размениле оган по што напаѓачот удрил во столб пред продавницата и потоа влегол во неа.
Некои од купувачите успеале да избегаат низ прозор, а други се затвориле во разни простории додека на местото на инцидентот пристигнале полицијата, пожарникарите и 18 возила на брзата помош.
Полициските преговарачи успеале да го убедат напаѓачот, кој бил на возраст од 28 години, да се предаде и да ги ослободи заложниците. Околу 18 и 30 часот по локално време односно 3 часот наутро по средноевропско време, тој се согласил сам да си стави лисици и излегол од продавницата со четири заложници околу него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


