Возило се запалило на патот Велес-Скопје. Како што информираат од полицијата, вчера во Единицата за информирање и команда, А.З. пријавил дека околу 3 часот додека се движел по автопатот Велес – Скопје, во близина на клучка „Хиподром“ со возило „пежо 206“, сопственост на приватна фирма од Струмица, забележал дека возилото ја губи погонската сила, по што застанал.
Од клима уредот и моторот возилото почнало да чади и потоа се запалило, при што изгорело во пределот на моторот и внатрешноста. Од страна на БППЗ со едно противпожаено возило пожарот е изгаснат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.