Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола. Возило на Управата за јавни приходи се преврте во реката Драгор во Битола, а друго на паркингот крај реката е удрено и оштетено, пренесе САКАМДАКАЖАМ.
Другото оштетено возило е на паркингот крај реката и најверојатно од удар на друго возило е поместено од првичното место каде што било паркирано.
На неколку метри под него има и други службени возила од УЈП ,,фиат панди”.
Од СВР Битола потврдуваат дека се работи за сообраќајка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.