Од утре (недела) па во текот на следната недела циклонот Флоријан значително ќе се активира и во сите земји од регионот атмосферата значително ќе се дестабилизира и на многу места ќе биде нестабилно со врнежи, грмежи, електрилчни празнења и засилен ветер, објавува „Метеомакс“.
Локално значителни се условите за појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен и олуен ветер и појава на град.
Локално низ регионот можни се и локални поројни поплави.
Очекувано локално невреме во следните земји: Албанина, Бугарија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеховина, Хрватска и Словенија како и делови од Грција.
Во делови од Јадранското море дури не се исклучува појава на пијавици ( односно торнада).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.