| четврток, 6 декември 2018 |

„Флоријан“ в четврток и петок „ќе удри“ најјако: Многу дожд и грмежи, викендов стабилно време

„Флоријан“  особено силата ќе ја покаже во четврток и во петок кога времето во државава ќе биде променливо и нестабилно на многу места со повремен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот додека локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и на некои места за време на овие два дена се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог со што може да дојде и до локални поројни поплави во зоната на големата нестабилност.
Локално можни се и поинтензивни атмосферски процеси коиј може да бидат застапени и во форма на НЕВРЕМЕ па затоа во ваква ситуација бидете КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.

Температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени додека мал пад ќе бележат во петок кога истите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени.

Да напоменеме дека за време на најизразената нестабилност во четврток и во петок граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да ВНИМАВААТ.

извор: Славчо Попоски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top