| четврток, 6 декември 2018 |

„Флоријан“ си замина

Циклонот „Флоријан“ кој досега беснееше над Балакнот, си замина. На самиот почеток од новата недела имаме стабилно, сончево, топло и суво време без врнежи а такво ќе продожи и во текот на следните денови со исклучок на планинските места каде ќе има услови за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи, објавува „Метеомакс“.

Времето инаку ќе биде сончево топло и спарно со умерена локална облачност претежно во попладневните часови а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Максималните дневни температури на воздухот ќе бидат нормално високи што значи не очекуваме некој претерано високи температури и истите ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top