| четврток, 6 декември 2018 |

Пронајдени 200 тони руско царско злато (ВИДЕО)

Руски воен крстосувач што потонал пред 113 години додека носел злато кое денес вреди околу 110 милијарди евра е пронајден во корејското приморје.

Царскиот крстосувач „Дмитриј Донски” е пронајден во водите околу јужнокорејкиот остров Улеунгдо. Истражувачката мисија составена од стручни лица од Јужна Кореја, Велика Британија и Канада потврдија дека станува збор за „Дмитриј Донски”, и објавија слики од пронајдените бродски остатоци.

„Дмитриј Донски” бил изграден во 1883 година, како крстосувач задолжен за ловење непријателски трговски бродови. Со отпочнувањето на Руско-јапонската војна, во 1904 година, крстосувачот бил вклучен во Втората руска царска флота. Флотата била пресретната од јапонската воена морнарица во мај 1905 година, и уништена при познатата битка кај Цушима, во која Русија загуби 11 воени бродови, четири крстосувачи и низа други, помали бродови.

„Дмитриј Донски” успешно се носел со шест јапонски крстосувачи, но бил потопен од страна на неговиот екипаж по катастрофата на остатокот на руската флота. Во битката загинале 60-мина од 591-члениот руски екипаж.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top