| четврток, 6 декември 2018 |

Ротвајлер искаса девојче додека се бањало во море

Десетгодишно девојче од Велика Британија било искасано од ротвајлер додека се бањало во море на плажа во Гребаштица кај Шибеник, објавуваат хрватските медиуми.

Девојчето е полесно повредено и задржано во болница на набљудување. Кучето го нападнало детето додека пливало во море со родителите. Инаку кучето во морето било заедно со својот сопстевник, соопштиле од полицијата.

На сопственикот на кучето на лице место му е наплатена казна во износ од 100 куни (12 евра), поради нарушување на јавниот ред и мир бидејќи држењето куче без надзор се смета за прекршок. Неофицијално, ова не било прв пат полицијата да интеревнира поради истото куче.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top