Емина Адровиќ(23) од Будва, ќерка на поранешен полицаец и сопственик на луксузен хотел на свети Стефан, се сомничи дека во Бечичи предизвикала тешка сообраќајна несреќа во која загина Милош Вукомановиќ(25) од Житковац кај Звечани, додека неговата свршеница Снежана Рудинац(24) од Краљево е тешко повредена.
Емина завршила сликарство во Фиренца, а за време на летото помагала на татко и во водење на хотелот, во кој има свое студио и држи училиште за цртање. На својот фејсбук профил навела дека е и менаџер во хотел- рекол извор од истрагата.
Истражниот судија од Основниот суд во Котар на предлог на обвинителство на Емина и одредил притвор до 30 дена. Таа е сослушана во присуство на адвокат, а потоа е префрлена во истражниот затвор во Спуж.
Неофицијално се шушка дека ќерката на бизнисменот возела со 120 на час кога налетала на младиот пар и буквално ги покосила.
Наводно свршениците се обидувале да ја поминат улицата на пешачки премин кој веќе не е во функција кога на нив од правец на Будва налетала Емина. Милош и Снежана се враќале од работа. Милош е вчера погребан, а состојбата на Снежана се уште е критична и таа не знае за смртта на свршеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Родителите биле против нејзината љубов: Милош и Наташа заедно заминаа и во смрт!
-
Во смрт со 170 километри на час: Милош и Наташа биле неразделни, а сега се забија во автобус и загинаа!
-
Еден загинат и петмина повредени при железничка несреќа кај Барселона
-
Четиригодишно дете загина при несреќа на минибус близу Солун