Грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации доби печатницата ,,Гинис” од Прилеп каде ко-сопственик е Хари Локвенец, пратеник на СДСМ.
Парите им се доделени во првиот јавен повик за финансирање на микро, мали и средни претпријатија од Планот за економски раст – 3 столб, објави „Лидер“.
Пред некој ден Лидер пишуваше и дека Весникот Слободен Печат каде што главен уредник е Бранко Героски доби грант од 10 милиони денари од Фондот за иновации на Република Македонија.
-Особено сум горд и задоволен од одличните резултати од овој прв јавен повик на #ФИТР кој покажа дека се надминати очекувањата, а компаниите аплицирале со исклучително квалитетни проекти, рече Заев а објави Фејсбук страната на Фондот за иновации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.