| четврток, 6 декември 2018 |

Исламист призна дека планирал да ја убие премиерката Меј

Исламистот Наимур Закарија Рахман призна дека е виновен затоа што планирал да ја нападне и убие британската премиерка Тереза Меј.

Рахман (20) планирал да ги нападне чуварите пред резиденцијата на премиерката на улицата „Даунинг Стрит“ 10, а потоа да се обиде да ја ликвидира и Меј.

Исламистот од Бирмингем бил во контакт со лица за кои мислел дека се поврзани со Исламската држава, а всушност биле полициски агенти.

Тој беше уапсен во ноември, откако агентите му доставиле ранец за кој мислел дека е полн со експлозив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top