| четврток, 6 декември 2018 |

Тереза Меј на средби со Јункер и Туск

Британската премиерка Тереза Меј пристигна денеска во Брисел каде ќе има средби со претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет Доналд Туск пред утрешниот Самит на ЕУ, на кој треба да биде потврден нејзиниот план за Брегзит.

Премиерката ќе има разговори со водечките личности во ЕУ пред Самитот, на кој ќе се соберат членките на 28 држави кои би требало да го потврдат нацрт договорот за Брегзит. Се очекува тие да потпишат и политичка декларација за идните односи меѓу ЕУ и Британија.

Според дипломатски извори, прашањето за Гибралтар, британска територија на југ во Шпанија, се уште останува нерешено. Шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека поради спорот околу Гибралтар може да пропадне европскиот Самит за Брегзит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top