Двегодишната Меј Козлов-Вогел сиот свој досегашен живот го минала во Детската болница во Бостон, САД, поради ретка болест на белите дробови, а периодов првпат виде како изгледа светот вон болницата.
– Кога ја напуштавме болницата Меј беше збунета, па мораше да праша: Навистина може да излеземе надвор?!, раскажува Кортни Козлов, мајката на девојчето.
Интерстицијалната белодробна болест кај детето е дијагностицирана при нејзиното раѓање во 2016 година. Минатиот август состојбата и се влошила, па нејзините родители се согласиле на трансплантација на два бели дроба. Донорот се појавил уште наредниот месец, и по извесно време операцијата е успешно изведена, по што следела рехабилитација.
– Меј е пресреќна што е надвор, да се шлапка во вада… И, многу е зборлеста, и нема ништо поубаво од тоа да се чуе нејзиниот глас, вели нејзината „друга мајка“ Мора Вогел, која живее во истополова заедница со Козлов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)