| четврток, 6 декември 2018 |

Тодор Петров: Владата и Собранието ќе одлежат доживотно во Идризово!

Тодор Петров, претседателот на СМК тврди дека владата со политичко насилство, прекршувајќи ги сите претходно постигнати договори меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, го смени мнозинството за избор на Државната изборна комисија во Изборниот законик: Од двотретинско (80) на просто мнозинство (61) од вкупниот број пратеници (120).

– Владата заборава, дека во согласност со членот 120 од Уставот, Одлуката за распишување референдум ја донесува Собранието со двотретинско мнозинство гласови (80) од вкупниот број пратеници (120), а стапува во сила кога на референдум за неа ќе гласаат ЗА мнозинство (900.001) од вкупниот беој запишани избирачи (1.800.000). Плус, нема референдум и нема промена на Уставот со цел промена на името на државата без потпис на Претседателот на Републиката на указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот Димитров-Коѕиас, како што нема ни Закон за ратификација, ниту Спогодба Димитров-Коѕиас!- пишува Петров на својот фејсбук профил.

Тој додава дека и покрај Договорот Димитров-Коѕиас за промена на името на државата и идентитетот на нацијата, како велепредавството на Владата на државата и нацијата – НЕМА ПРОМЕНА НА ИМЕТО!

– Владата и собранието ќе одлежат доживотно во Идризово, ни Свети Џес Бејли не ги спасува! – пишува понатаму Петров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top