Заев одработи за бугарскиот и грчкиот идентитет на Македонија, Македонците треба да одработат Заев да заврши во Идризово, вели Тодор Петров, претседател на Светскиот македонски конгрес.
– Заев вели Спогодбата со Грција ни го зајакнува идентитетот: Во графата за националност ќе пишувало Macedonian/citizen of Republic of North Macedonia! Па и сега во ООН во графата националност ни стои само Macedonian. Во сите биометриски лични исправи (лични карти, пасоши, возачки дозволи…) на сите независно од етничкото потекло, во графата националност ни пишува само Macedonian! Со што ни е зајакнат идентитетот, со тоа што Грција се согласила да се викаме Северна Македонија и не признава постоење на Македонски народ, дури ни македонско малцинство во Грција?
Па, Грција 40 години не го признаваше Израел, Израел не исчезна од земјината топка, од географскиот атлас на земјата! 140 држави во светот не признаваат под името Македонија! Ирелевантно е дали Грција ќе не признае сега или некогаш како Македонија! Атина знае дека извршила окупација врз Македонија и геноцид врз Македонскиот народ, светот знае дека Грција за првпат во својата историја ја окупира Македонија во Балканските војни 1912-1913 година. Со што ни е зајакнат идентитетот со Грција? Со тоа што Заев и’ дал право на Атина да врши ревизија на нашата историја? Кој кретен мора да си, да веруваш во сопствените лаги и да веруваш дека и другите кои ги лажеш ти веруваат!
Ни Фројд не би нашол ваков редок урнек за психоанализа! Поранешната министерка за надворешни работи недвосмислено рече „Ние еднаш веќе напишавме историја за Македонија, ревизија пов втор пат нема да вршиме!” Министерот за надворешни работи на Грција Никос Коѕиас вели “Виножито се група на пријатели. Според спогодбата со Скопје не постои македонско малцинство во Грција и ние мораме набрзо да ги забраниме!” Неговиот претходник Пангалос беше уште подециден “Тие се група на педери”. Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев дополнува “Македонија мора да ја смени својата историја ако сака членство во Европската Унија, инаку Бугарија ќе ги блокира пристапните разговори!” Министерката за надворешни работи, пак, на Бугарија, Катерина Захариева е подецидна “Со спогодбата со Македонија не признавме Македонски народ и Македонски јазик, не размислуваме тоа да го сториме!”
И за крај, кој идентитет Заев на Македонците им го сочува, кога самиот штом го прими мандатот за состав на Влада од претседателот на Републиата на 17 мај 2017 година рече “СДСМ повеќе не е македонска партија!” А, претходно дека на СДСМ не и’ приличи да биде патриотска партија! Кој идентитет заштити Заев во Македонија… Формира една комисија со Софија за ревизија на Македонската историја, формира уште еден Комитет со Грција повторно за ревизија на македонската историја… ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата. Ќе пројде време кога повторно се’ ќе биде Македонија, тогаш Зоран Заев ќе остане кошмар, бледа реплика на Видкун Квислинг од Норвешка. Заев одработи за бугарскиот и грчкиот идентитет на Македонија, Македонците да одработат Заев да заврши во Идризово, бидејќи стори велепредавство на нацијата и државата! – вели Петров.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.