Претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров во емисијата „Само вистина“ констатираше дека со Бугарија градиме односи базирани на лаги. Народ без минато нема своја иднина тој што не ја знае историјата за жал ја повторува додаде тој. На 13 септември 1995 владата на СДСМ потпиша привремена согласност со владата во Атина каде се суспендираше една третина од одребите на Уставот, членот 49 посебно. Членот 49 гласи дека Република Македонија има право да се грижи за малцинствата кои ги има во соседните држави и со тоа Македонија се откажа од грижата за своите малцинства во соседството.
Според Петров ВМРО-ДПМНЕ го имаше истиот договор на маса, но поради штетноста по македонските национални интереси тие одбија да го потпишат. За разлика од нив СДСМ е сервилна и марионетска влада спремна да потпише што и да бара Бугарија од Македонија, која ќе прифати заедничкко чествување на Илинден и промена на историјата. Тој потенцираше дека: ,, Ако се продаде името на Грција, јазикот, културата и историјата на Бугарија, црквата на Србија и територијата на Албанија од Македонија и македонците ништо нема да остане’’. Владата на Зоран Заев е доведена на власт за да ги исполни овие работи додаде тој.
За Петров духот на договорот најдобро го објаснува поранешниот Претседател на Бугарија Петар Стојанов. Тој го цитираше во продолжение Стојанов ,, Поделбата на Бугарија на три дела од времето на Сан Стефанска Бугарија од 1878 година се чуствува како најголема историска неправда. Илинденското Востание е наше второ Априлско Востание, ние Бугарите нема да се лишиме себеси од таа страница на нашата историја затоа што ако се лишиме од нејзе историјата ќе ни остане исклучително сиромашна. Без Македонија ние немаме историја. Затоа историјата на Македонија за нас Бугарите е најромантичниот дел од историјата на Бугарија, а Илинденскот Востание е бугарско како што Македонија е дел од Бугарија’’. И на тие основи вие велите дека Македонија ќе го реши проблемот ако одбележува заедничка историја со Бугарија додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Петров: Одлуката на Уставниот суд ќе го зацврсти ставот за бојкотирање
-
Тодор Петров: Владата и Собранието ќе одлежат доживотно во Идризово!
-
Тодор Петров: Заев одработи за бугарскиот и грчкиот идентитет на Македонија, Македонците треба да одработат Заев да заврши во Идризово за велепредавство
-
Тодор Петров му запали свеќа на Ќосето