| четврток, 6 декември 2018 |

Прашање во турскиот „Кој сака да биде милионер“: Кое е новото име на Македонија?

Прашање во турскиот квиз „Кој сака да биде милионер“ се однесуваше на новото име на Република Македонија.

21 годишната Сием Диес Темелоглу на прашањето за 15 илјади турски лири кое гласеше „Поранешна Република Македонија која со години има проблем со името со Грција по долго време дојдоа до договор. Кое е новото име?

Под А) Горна Македонија под Б) Долна Македонија под Ц) Северна Македонија и под Д) Јужна Македонија’’

Темелоглу побара помош од пријател кој ѝ го кажа одговорот под А) Горна Македонија по што беше елиминирана.

локално.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top