| четврток, 6 декември 2018 |

Го ограбија, но тој продолжи да пее – новиот видеоспот на Виктор (ВИДЕО)

Откако неодамна додека беше на одмор во Битола, крадци влегоа во неговиот стан во Скопје и му ја украдоа целата опрема за снимање, компјутерот, како и целиот снимен албум кој бил готов за промоција, младиот пејач Виктор Апостоловски се врати на свои нозе.

Пред само неколку минути за неговите многубројни и верни обожаватели кои го следат уште од почетоците на „Македонскиот идол“, тој на Јутјуб го постави видеоспотот со новата песна „Најважно од сѐ“, која ја напиша тој и е во продукција на „Гнасни Деца“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top