| четврток, 6 декември 2018 |

Шекеринска препознала уште еден напаѓач од 27 април – осомничениот е во куќен притвор

Уште еден напаѓач во Собранието од крвавиот четврток заврши во куќен притвор, потврдуваат од скопското јавно обвинителство за „Макфакс“. Обвинителството осомничи уште едно лице за насилство врз пратеничката и сегашна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска.

Од обвинителството за „Макфакс“ информираат дека оштетената пратеничка го препознала осомничениот во полициска станица и дека лицето е во куќен притвор.

-По предлог на надлежен јавен обвинител, судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 на осомничениот му определи мерка куќен притвор – велат од обвинителството за „Макфакс“.

Оттаму додаваат дека преземаат истражни дејствија за обезбедување докази и комплетирање на предметот, по што ќе донесат јавнообвинителска одлука. Ова е уште еден осомничен, покрај осудениот Панче Ангелов, кој откако призна вина, со правосилна пресуда доби 4 години затвор за напад врз пратеничката Шекеринска лани во Собранието.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top