| четврток, 6 декември 2018 |

Исчезнаа две сестри од Пробиштип

Жител на Пробиштип вчера пријавил во полиција дека неговите две ќерки два дена не се вратиле дома и дека тој не знае каде се.

Според информациите на МВР, вчера околу 19,45 часот во Полициската станица Пробиштип М.Т.(55) пријавил дека во саботата, 14 јули, неговите две ќерки Н.Т.(19) и другата ќерка на возраст од 16 години излегле од дома и не се вратиле.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top