Две девочиња од Русија, Марија(12) и Анастасија(15), извршиле самоубиство скокнувајќи од зграда, а полицијата истражува дали трагедијата е поврзана со играта Синиот кит, која младите ги повикува на самоубиство.
Несреќата се случила во градот Ижевск, а телата на полусестрите се пронајдени во снегот под прозорот на станот во кој живееле.
Според зборовите на пријателите двете девојчиња биле депресивни.
Се стравува дека последните неколу години стотина руски деца си ги одзеле животите, откако почнале да ја играат озогласената онлајн игра Синиот кит, која низ 50 чекори ги води во смрт.
Полицијата допрва ќе истражува дали и сестрите биле жртва на оваа игра.
Само неколку секунди пред смртта, Марија на социјалните мрежи поставила фотографија од своето момче, каде со срциња и самјлија му порачала: Те молам прости ми. Те сакам многу. Знам дека ќе најдеш некоја подобра од мене.
Анастасија со видео порака се простила од сите: Збогум на сите. Сите ве сакам. Вистина е. Ве сакам многу, многу!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)