Сами избравме ваков начин на живот, им рекле на социјалните служби двете сестри и мајката кои 13 години живеат во изолација во стан во Битола. Бидејќи жените не ги пуштиле службите во станот, разговорот се одвивал преку вратата, изјавиl директорот на Центрот за социјални работи Тони Деспотовски за сдк.мк.
-Во моментов сите институции кои се засегнати од случајот се активирани. Не ни отворија да влеземе во станот, но разговарано е со нив преку вратата. Сите три се живи, контактибилни, свесни, ги знааат своите права и кажаа дека сами избрале ваков начин на живот. Сепак, им беше кажано дека институциите им стојат 24 часа на располагање за било каква помош, изјавил Деспотовски.
Тој рече дека во станот не можат да влезат насилно зашто жените не пријавиле насилство.
Телевизија „Телма“ денес ја објави приказната за двете возрасни сестри од Битола, повикувајќи се на изјави од соседи. Тие велат дека живеат со скромна пензија, исклучена струја, во лоши хигиенски услови, често пати гладни и жедни, а од станот често пати се слушаат лелеци и плач.
Две сестри во Битола 13 години не излегуваат од дома (Видео)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.