Шестцифрената хотелска сметка на Меланиja Трамп предизвика неверување, а потоа и критики од многу американски официјални претставници.
Имено, како што пренесуваат американските медиуми, првата дама на САД минатата година во Торонто престојувала во хотелите Риц Карлтон и Шератон центар заедно со нејзиниот тим, а сметката која ја направиле изнесувала 174 илјади долари.
Сметките од ова патување беа објавени минатата недела, а причината за 12-часовната посета на Торонто бил состанок со канадскиот премиер Џастин Трудо и принцот Хари.
Портпаролката на Меланија Трамп, Стефани Гришам, смета дека нема ништо чудно во потрошениот износ и дека тимот ги потрошил парите на неопходни работи.
„Кога патува првата прва дама на Соединетите Американски Држави, има уште многу луѓе кои одат пред неа за да го обезбедат просторот. Тука се и здравствено осигурување, комуникацијата, возилата и целата логистика која чини пари. Меланија дури и води многу помалку луѓе отколку некои нејзини претходнички“, изјавила портпаролката.
Сепак, магазинот „Quartz“ објави дека шестцифрената сметка го претставува само трошокот направен од страна на Меланија, додека трошоците на нејзиниот персонал изнесувале дополнителни 18 илјади долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Меланија флертувала со Путин: Трамп само ги гледал, а тогаш претседателот на Русија со една реченица ја купи првата дама!
-
Ова е европската Меланија: Сопругата на чешкиот премиер во фокусот на медиумите (галерија)
-
Драма на небото: Се запали авионот на Меланија Трамп!
-
Баш ми е гајле, а на вас: Меланија конечно призна кому била упатена пораката!