| четврток, 6 декември 2018 |

(ВИДЕО) Ексѕвездата на Манчестер jунајтед Ерик Кантона продал автомобил за да им помогне на бездомници во Франција

Поранешниот француски репрезентативец Ерик Кантона на добротворна аукција го продал својот Ролс Ројс испишан со графити за 125,000 евра и сите пари ги дал во хуманитарни цели.
Парите ќе ги добие фондација која им помага на фрнацуски бездомници. Лимузината од 1984 година со графити ја украсил Њујоршкиот уметник ЈоНоне по што таа стана двојно повредна од вистинската пазарна цена.
„Одлучив парите да ги донирам на Фондацијата Абе Пјер која што им помага на бездомници затоа што парите се ултимативнен симболна богатство а ќе им помогне на оние на кои им треба помош“, изјавил Кантона за француските медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top