Aмериканскиот актер и рапер Јасин Беј (попознат како Мос Деф) доброволно се пријавил да помине низ оваа тортура на присилно хранење пред камерите на организацијата за човечки права „Reprieve“ и режисерот добитник на Бафта награда, Асиф Кападиа .
Целта е да се сврти вниманието и свесноста на луѓето кон кршењето на човечките права на повеќе од 40 затвореници во озлогласениот затвор Гвантанамо кои се присилно хранети. Со започнувањето на месецот на Рамадан, повеќе од 100 затвореници продолжуват со својот штрајк со глад, но над 40 секој ден се присилно хранети за да не умрат со оваа непријатна процедура која трае околу 2 часа и се спроведува два пати на ден.
Со овој документарец екипата сака да го осуди ваквиот чин, со кои им се спречува да ги исполнуваат своите права како муслимани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


