| четврток, 6 декември 2018 |

Отворена бугарска пропаганда среде Скопје: Бугарскиот клуб повикува на заедничка прослава на Илинден

bugarski kulturen klub

Клубот ги поканува граѓаните на двете држави заедно да покажат дека не „сме ги заборавиле хероите кои си го дадоа животот во борбата за народна слобода против крвавиот отомански деспотизам“.

Бугарскиот културен клуб од Скопје (БККС) на неговата веб страница повикува на заедничка прослава по повод 110-годиншнината од „Илинденско-преображенското востание и 120 годишнината од создавањето на Бугарско-македонските – одрински револуционерни комитети (БМОРК), симболи на борбата за слобода на бугарското население од Македонија и одринска Тракија останати под ропството на Османлиската империја“.

БККС соопштува дека обележувањето на овој светол датум од општата историја на Република Македонија и на Република Бугарија ќе се одржи на 20 јули во село Смилево, Македонија, со положување на свежо цвеќе на споменикот на Даме Груев.

Клубот, како што е пренесено, ги поканува граѓаните на Република Македонија и на Република Бугарија да дојдат и заедно да покажат дека не „сме ги заборавиле хероите кои си го дадоа животот во борбата за народна слобода против крвавиот отомански деспотизам“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top