| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: Албанската дијаспора за референдумот ќе ја организираме по примерот на Кичево(видео)


Различни здруженија од земјите од Европа и Америка доброволно се пријавија за да ја организираме албанската дијаспора за референдумот, како што ги организиравме за изборите кога имаше потреба, на пример како за Кичево, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во неговото синоќешно интервју во емисијата “Клик плус“ на Тв21.

– Контактираме со различни здруженија од земјите од Европа и Америка, како што ги организиравме за изборите кога имаше потреба, на пример за Кичево организиравме, истите пракси ќе се користат и за референдумот. Има заинтересирани здруженија, своеволно се пријавија за да помагаат во овој процес и сакаат да бидат дел од него – изјави Али Ахмети.

Тој, исто така кажа дека над 90% од Албанците не само што активно ќе учествуваат на референдумот, туку ќе бидат и главни пропагандисти за излегување на референдумот.

-Јас мислам дека поголемиот дел од албанците, да не кажам 100%, но над 90% од Албанците активно ќе учествуваат на референдумот. Не само што ќе учествуваат туку ќе бидат и пропагандори за излегување на референдумот- истакна Ахмети.

Ахмети рече дека за референдумот да биде валиден, од гласачкото тело кое во Македонија е 1.8 милиони гласачи, на гласање треба да излезат 900 илјади и еден гласач.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top