Новинарките Мери Георгиевска и Искра Коровешовска од Алфа се обиделе денеска да стапат во контакт со поранешниот претседател на државата, Бранко Црвенковски, кој во клучни моменти за државата стои настрана и не дава изјави за медиумите.
„Вака ни одговори неговото обезбедување изутрината, пред вратата на претседателската канцеларија, откако го чекавме Црвенковски да пристигне без малку два часа со намера да добиеме одговори: Зошто не зборува? Дали ги оправдува промената на името, манипулацијата со референдумот, и претходно контроверзниот преспански договор? Ќе го бојкотира ли референдумот? Пред вратата на влезот ги забрза чекорите и не ги слушна нашите прашања. По неколку минутното убедување со обезбедувањето, ни беше речено дека има протокол: писмено поставување прашања.
Истите прашања ги поставивме електронски: не чувствува ли Црвенковски одговорност и должност како 13 години поддржуван од граѓаните, во период на транзицијата, како премиер и претседател, да им каже што мисли во овие решавачки моменти? Добивме само кус одговор: останува на став да не дава изјави за медиумите.
Во врска со вашето барање ве известуваме дека претседателот Црвенковски останува на ставот да не дава изјави за медиуми, ниту пак да име медиумски настапи на било која тема, соопштија од Кабинетот на поранешниот претседател на Р.Македонија.“, стои во прилогот на Алфа.
Во минатото, Црвенковски не бегаше од одговори беше јасен – изнаоѓање на решение на спорот со името, но со користење на двојна формула и без уставни измени, бидејќи тие носеле голем ризик. Црвенковски неколку пати додека беше присутен на политиката сцена истакна дека името на неговата држава е Македонија и само Македонија.
„Некои прашања не заслужуваат одговор“, легендарната антиреферендумска реченица на владата на Црвенковски во 2004 година, е сега одговорот на ексминистерот за надворешни работи Антонио Милошоски. Алфа побара одговор и од него. Во неговите зборови се надзира бојкот:
Тој е првиот во редовите на најголемата опозиција со вака директна порака. Истото прашање му го поставивме и на неговиот колега, сопартиец и поранешен МНР Никола Поповски. Одговор до овие вести не добивме.
Од сегашната структура на најголемата опозициска партија, се уште не соопштуваат дали ќе го бојкотираат референдумот, но посочија дека за евентуално гласање целокупната процедура мора да биде фер и демократска и мора да бидат запазени двата кумулативни услови: излезеноста, минимум 50 % + 1, и оние кои што ќе изгласаат „за“ да бидат минимум 50 % + 1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)