-Сведоци сме на изјави на дел од музичарите кои биле договорени да настапат, кои јавно кажуваат дека биле изманипулирани и излажани и воопшто не им било кажано дека настапуваат на прослава за промена на името, НАТО и ЕУ. Дополнително, само СДСМ може да организира прослава за промена на името и да им продава ПР на граѓаните дека влегуваме во ЕУ и НАТО и затоа се слави. А, сите за жал видовме дека добивме датум за датум за преговори за влез во ЕУ и НАТО, ако и само ако доколку го смениме уставното име на Република Македонија- изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Ако СДСМ се подготвени да лажат за договарање на артисти за настап, замислете за што се се подготвени да лажат и манипулираат за многу поголеми работи кои што ни претстојат во наредниот период и иднина. Излажаа за прославава, излажаа за 500 евра плата, излажаа за влез во ЕУ и НАТО, излажаа дека нема да се менува Уставот. Сушат лажат за се и сешто. Ако артистите и прославата биле договорени пред месец дена Владата веднаш да одговори кога е распишана јавната набавка за прославата и кој владин орган стои како организатор на истата прослава? Која е фирмата која ги изнајмува бините, озвучувањето и осветлувањето и колку пари чини истото, бидејќи парите се даваат од џебот на граѓаните?- праша Арсовски.
Според него сумата за ангажманот на изведувачите очигледно е огромна штом се крие од страна на владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)