| четврток, 6 декември 2018 |

Во Хелсинки пиле не смее да прeлета поради средбата Путин – Трамп

Властите на Хелсинки почнаа да воведуваат вонредни мерки за безбедност пред состанокот меѓу претседателите на Русија и САД, Владимир Путин и Доналд Трамп кој ќе се одржи на 16 јули.

Се предупредува дека може да има затворени улици и промена и доцнење во работата на јавниот транспорт. За јавниот ред и мир во градот се ангажирани две илјади полицајци кои се повикани од сите полициски станици во земјата.

За време на состанокот во Хелсинки се најавени неколку протести за кои локалната полиција била навреме известена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top