Филмот „Ослободување на Скопје“, чијшто режисер е актерот Раде Шербеџија, ќе се прикаже на Филмскиот фестивал во Хелсинки во рамките на програмтата „Добредојдовте во Европа“ (Welcome to Europe!) на 20 септември, соопштија од продуцентската куќа „Партизанс“.
Со овој филм беше отворен 37. Филмски фестивал „Браќа Манаки“.
Филмот е македонско-хрватско-финска копродукција и веќе беше на два големи фестивала, во Пула и во Сараево
Главната улога во филмот ја толкува Давид Тодосовски (13). Тодосовски ја толкува улогата на Зоран. Покрај него настапуваат и актерите Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија, Мико Ноусаинен, Небојша Глоговац, Петар Мирчевски, Јари Вирман, Дејан Лилиќ, Денис Абдуала и Аксел Мехмед.
Сценариото е на Душан Јовановиќ и на Раде Шербеџија, а во една фаза на филмот на него работел и Живоин Павловиќ.
Режисерот и косценарист Шербеџија играше и во праизведбата на текстот за истоимената драмска претстава во Загреб во 70-тите години на минатиот век.
Директор на фотографијата е Дејан Димески, а Влатко Стефановски е автор на музиката за филмот. Продуценти се Роберт Насков, Горјан Тозија, Владимир Анастасов и Игор Нола. Филмот се снимаше во Велес, Битола и во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Филмот „Очите на фотографката“ ќе го отвори третото издание на фестивалот „Богородичен покров“
-
Прв фестивал на нов европски филм: „Beach film festival“ на плажата „Оревче“ од 19-22 јули
-
Во Хелсинки пиле не смее да прeлета поради средбата Путин – Трамп
-
Хироказу Коре- Еда ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал