| четврток, 6 декември 2018 |

Голманот поради кој и жените гледаат фудбал, наскоро ќе стане татко (ВИДЕО)

Чуварот на мрежата на „кралевите“, Икер Касилјас, ја објави веста дека тој и неговата девојка Сара Карбонеро очекуваат дете.

Голманот на Реал и на шпанската репрезентација и новинарката и водителка на „Теле 5“ се во врска од 2010 година и веќе ги добија симпатиите на јавноста со нивниот бакнеж во интервјуто кое Сара му го правеше на Икер веднаш откако Шпанија го освои Светското првенство во фудбал.

– Пресреќни сме – изјави Касилјас и додаде дека Сара е во 13-тата недела на бременоста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top