фото: Радио МОФ
Уште една акција на Град Скопје за сечење дрвја во центарот на Скопје е спроведена утринава, на улицата „11 Октомври“, во близина на зградата на ЗОИЛ (Кјуби), јави Радио МОФ.
Според сведочењата на соседите објавени на социјалните мрежи, екипите на „Паркови и зеленило“ го исекле целиот дрворед. На реакциите на станарите на околните згради, работниците кажале дека „имаат налог“, но не ги откриле и причините за сечењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.