| четврток, 6 декември 2018 |

Кјуби Македонија се ребрендираше во Осигурување Македонија

kjubi

Домашната компанија „Осигурување Кјуби Македонија“ (QBE Македонија) во иднина ќе го носи името „Осигурување Македонија – Виена иншуренс груп“. Промената е резултат на купувањето од страна на „Виена иншуренс груп“ (Vienna Insurance Group (VIG), австриската групација базирана во Виена која сега е нов сопственик на поранешното „Кјуби Македонија“.

Промената на името на друштвото, исто така, резултира и со процес на ребрендирање.

Osiguruvanje Makedonija Logo

– Убеден сум дека промените во компанијата ќе придонесат за понатамошен одржлив развој на „Осигурување Македонија“. Нашите клиенти може да се потпрат на цврст осигурувач што поседува докажана стабилност, финансиска безбедност и професионална стручност низ својата долга историја. Засилени од професионалниот капацитет на „Виена иншуренс груп“ ќе продолжиме во таа насока – оценува Бошко Андов, генерален менаџер на „Осигурување Македонија“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top