| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните бараат правда за прерано починатиот Никола Саздовски

Мирен протест се одржа вечерва пред Собранието на Република Македонија за прерано починатиот Никола Саздовски.

Протестот беше организиран преку иницијатива на социјалната мрежа Фејсбук „Минута молк за Никола Саздовски“.

Присутните пред фотографија од починатото момче поставена на троатарот пред Собранието, палеа свеќи. Меѓу присутните беа и членови на навивачката група „Комити“, чиј член беше Саздовски, како и претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Дваесет и едногодишниот Саздовски вчера изутрина во Клиничкиот центар им подлегна на повредите со кои се здоби на 29 јуни во физички напад од страна на три момчиња на автобуската постојка на бул. „Александар Македонски“ во Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top