-Државата е заробена од страна на криминалниот картел наречен СДСМ. Картелот ја уништува Република Македонија на секое поле. Економијата тоне, земјоделието е на колена, здравството колабирано, безбедносниот систем разнишан, правосудството е продолжена рака на власта, државата е меѓународно понижена, а идентитетот доведен во прашање – изјави Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција.
-За нешто повеќе од една година Заев успеа трајно да ги загрози македонските државни и национални интереси. Тој потпиша договор за промена на името со истиот тој договор истиот тој Заев прифати и промена на Уставот, идентитетот и јазикот на државата. Граѓаните се чувствуваат продадени и несигурни. Секојдневно гледаме како полицијата наместо да ги штити граѓаните ги штити криминалците. Буџетот наместо за проекти од корист за граѓаните се користи како средство за богатење на неколку фирми блиски до власта. Граѓаните бараат помош и бараат некој што ќе ги слушне нивните маки. Граѓаните очекуваат разбирање за нивните ставови и решеност да се спроведе нивната волја, потенцираше Јанушев.
Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи овој организиран грабеж врз Република Македонија да продолжи. ВМРО-ДПМНЕ не може да го премолчи понижувањето на народот.
-ВМРО-ДПМНЕ е создадена од народот и за народот. Нема да дозволиме СДСМ да им ја одзема надежта на граѓаните. Ние мораме и ние можеме да го спречиме осиромашувањето, бесперспективноста и уништувањето на државата. ВМРО-ДПМНЕ од денес ја почнува акцијата „Лето за Македонија“. 1.500 тимови на партијата ќе го посетат секој град, секое село, секој еден дом и ќе допрат до секој еден граѓанин. Ќе се среќаваме и ќе разговараме, заеднички ќе ги согледуваме предизвиците со кои е соочена Република Македонија и ќе изнајдеме заеднички решенија за проблемите. Само вие, граѓаните на Република Македонија може да изберете како сакате да живеете. Премногу време е изгубено. Државата не смее да продолжи да стагнира. Агонијата мора да запре. Должни сме на Република Македонија, должни сме на минатите генерации, но имаме обврска кон сегашните и идни генерации да создадеме просперитетна иднина. Сите ние заеднички можеме да му ставиме крај на ова зло наречено СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е сигурна и просперитетна алтернатива. Ние креираме програма со визија за напредна држава, економски развиена, технолошки модерна и правно стабилна. Тим од експерти работи на новата програма во која ќе се најдат проекти за сите. Ве повикуваме сите вас, граѓаните на Република Македонија да ги дадете вашите идеи и предлози, да ни го кажете вашиот сон за Република Македонија, да го преточиме во програмата. Таа ќе биде нашата обврска бидејќи е време да му ставиме крај на безредието и безнадежноста, истакнува Јанушев.
Тој додава и дека СДСМ мора да си оди. Тагата, чемерот и јадот не смеат да бидат наше секојдневие. Република Македонија ќе победи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)