| четврток, 6 декември 2018 |

Нова драматична снимка од пештерата: Илон Маск влезе во третата поплавена комора

Илон Маск, милјардерот кој понуди помош во спасувањето на децата на Тајланд објави на својот Инстаграм ново видео од пештерата.

-Само што се вратив од комората 3- напиша Маск покрај оваа снимка.

Инаку, милјардерот изгради „подморници со големина на дете“ кои ги понуди за спасување на заробените деца.

Шефот на спасувачката мисија на Тајланд, Наронсак Осатанакорн му се заблагодари на Маск за помошта, но наведе дека подморниците не можат да се користат.

-Иако неговата технологија е добра и софистицирана, тоа не е практично за оваа мисија- рече Останакорн.

Just got back from Cave 3

A post shared by Elon Musk (@elonmusk) on

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top