| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска спасени уште четири момчиња (видео)

Уште четири момчиња се спасени од пештерата во северен Тајланд и со тоа спасувачките операции за денеска се завршени, изјавил за „Си-ен-ен“ очевидец.

Вчера беа извлечени четири момчиња, а уште толку и нивниот тренер се во пештерата.

Здравствените експерти го проверуваат кислородот, неисхранетоста, дехидратацијата, посттрауматскиот стрес и други психолошки ефекти.

– Еден од главните проблеми сега е кислородот. Тие се во област каде што нивоата на кислород се ниски – изјави д-р Дарија Лонг Гилеспи од Медицинската школа на Универзитетот во Тенеси.

Заканата од монсунските дождови што ја поплавуваат пештерата не е толку сериозна како што претходно се мислеше, според Јоханес Сандер од минхенски институт за метеоролошки прогнози.

Тој рече дека врнежите од дожд денеска се главно по ридовите оддалечени од пештерата и дека утре ќе има помалку дожд.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top