| четврток, 6 декември 2018 |

Струмица е за силна Македонија (снимки од дрон)


Повеќе од 10.000 струмичани денеска се одзваа на повикот на ВМРО-ДПМНЕ и излегоа на протестен марш во нивниот град. Маршот низ струмичките улици го предводеше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, и тесното раководство на партијата. Со патриотски песни, „Едно име имаме“, „Земјо македонска“ струмичани испратија јасна порака дека нема да ја погазат крвта на предците и дека иднината за своите поколенија ќе ја градат во Република Македонија.

Струмичани му покажаа на целиот свет дека Македонија ќе победи! А силата на Македонија е народот.

-Во оваа земја, газда на своето е овој народ. Македонците како и сите други граѓани се суштината, најважниот елемент од битисувањето на нашата земја, и никој не е над нив. Ниту еден политичар, ниту една друга сила.

Нашата победа ќе биде победа над сите порази донесени од оваа влада, нашата победа ќе биде победа над мачното секојдневие, над безизлезот, над украдената иднина и хаосот во кој се наоѓа нашата земја. Нашата победа ќе биде ваша победа за Македонија, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Струмица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top