Во саботата вечер во дискотеката-базен „Егзит“ во Валандово почна овогодишниот избор за „Мис на Македонија“, чија победничка од финалето ќе нѐ претставува на „Мис глоуб 2013“.
Пред валадновчани се претставија 12 полуфиналистки во неколку изданија, а победи седумнаесетгодишната Кристина Димитријевска од Тетово, и со тоа се здоби со право да учествува на финалето кое ќе се одржи во втората половина на август.
Титулата прва придружничка ја освои Мартина Димитрова од Скопје, а втора придрузничка е Ана Трајковска, исто така, од Тетово.
Веќе наредниот викенд продолжува турнејата, која ќе ги опфати сите поголеми градови од државата. Победничка од големото финале на „Мис на Македонија 2013“ ќе ја претставува Македонија на изборот за „Мис Глоуб 2013“, а придружничките на останатите интернационални избори за кои модното студио „Црнокрак“ поседува лиценци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.